Денеска ќе преовладува сончево и топло време, со мала до умерена облачност. Попладне во северозападните планински подрачја ќе има услови за изолиран пороен дожд и појава на ретки грмежи. Температурата ќе се движи во интервалот од 29 до 37 степени Целзиусови, а УВ=8.
Следува период на претежно стабилно и многу топло време, со позначителна облачност во среда. Дневните температури во овие денови ќе бидат во пораст. Oсобено топло ќе биде од средината на следната седмица, кога температурите долж Повардарието понекаде ќе надминат 40 степени.