Денеска сончево, од недела вечер врнежи и засилен ветер

Денеска сончево, од недела вечер врнежи и засилен ветер

Времето денеска ќе биде сончево, со умерена локална облачност. Попладне во западните делови ќе има нестабилност, со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, а температурата ќе се движи од 26 до 36 степени. УВ=7.

Позначителна промена на времето ќе има од утре попладне, преку вечер и во понеделник, кога во поголем дел од земјава ќе има поројни врнежи од дожд со грмежи и засилен сверен ветер, а локално се можни и поинтензивни процеси во форма на невреме. Врнежите ќе се интензивираат во екот на ноќта како и во понеделник, особено во источните делови. Во вторник на места ќе има уште врнежи од дожд и ќе продолжи да дува засилен северен ветер. Во понеделник и вторник темпертурата ќе се намали за 10 степени, особено во северните делови.

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …