Времето денеска ќе биде облачно и релативно топло со умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Кон крајот на денот во западните делови се очекуваат повремени врнежи од дожд. Дневната температура ќе се движи од 20 до 25 степени.

Од утре се очекува малку посвежо време, со повремени врнежи од дожд, а од вторник и локална појава на грмежи.