Денеска сончево со умерена облачност

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност и умерен североападен ветер. Во планинските подрачја е можен слаб локален дожд. Температурата ќе се движи од 22 до 34 Целзиусови степени.
УВ индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и умерен североападен ветер. Температурата ќе достигне до 30 Целзиусови степени.

Во поголемиот дел од земјава ќе преовладува стабилно и суво време со умерен северен ветер, а во крајните западни и североисточни делови ќе има услови за слаб краткотраен дожд.

В сабота времето ќе биде сончево и значително потопло, а од недела кон крајот на денот и во наредните денови повторно ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално се очекуваат и поинтензивни процеси.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање на безбедносните проблеми во …