Денеска сончево, утре дождливо време

Денеска во претпладневните часови, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголемува. Кон крајот на денот и во текот на ноќта, ќе настапи променливо облачно време, со повремени врнежи од дожд. Дневната температура ќе се движи во интервалот од 18 до 26 степени Целзиусови.

Утре ќе преовладува променливо облачно време, со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат пообилни, проследени со ретки грмежи и максимална температура од 21 степен.

Прочитајте повеќе

Одбележана 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО (Видео)

Во Министерството за одбрана, денеска со свечена церемонија на која се обратија првиот вицепремиер за …