Денеска средба Заев-Гаши

Премиерот Зоран Заев денеска ќе се сретне со лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, во врска со создавање ново парламентарно мнозинство. Можноста за формирање на ново стабилно мнозинство во парламентот ја најави и шефот на дипломатијата и висок функционер на ДУИ, Бујар Османи, кој изјави дека тоа ќе биде објавено идната недела. Според Османи, најважно е што Северна Македонија не дозволи да биде дел од проблемот, откако не успеа минатонеделниот обид на опозицискиот блок предводен од ВМРО-ДПМНЕ за гласање доверба на Владата.

„Има неколку опции до тоа ново мнозинство и во моментот се случуваат разговори и преговори. Многу е важно дека рационалните политички сили, па и пратеници одлучија во овој момент државата да не ја претворат во дел од проблемот, туку во дел од решението на нашата европска перспектива“, вели Османи. Тој очекува наредната недела веќе да има стабилно мнозинство кое што ќе почне да се занимава со предизвиците и можностите што ги има Владата. Османи смета дека бројката од повеќе од 60 пратеници е и вистинска и реална, а како ќе се реализира мнозинство, за тоа се разговара и договара со сите политички партии. Потоа ќе се договараат и министерските позиции.

Прочитајте повеќе

Георгиева од ЗЛС

Георгиева од ЗЛС: Во мандатот на Филипче освен плата, приватните специјализанти добија и платени дежурства (ВИДЕО)

Пред 2018 година не постоеше никаков надоместок за приватните специјализанти, значи таа категорија на лекари …