Денеска умерено облачно, за викендот студено со дневни температури под нулата

Денеска умерено облачно, за викендот студено со дневни температури под нулата

Во целата држава ноќеска беа измерени температури под нулата. Најниската температура од -13 степени беше измерена во Битола,

Денеска ќе преовладува сончево време со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието. Кон крајот на денот ќе настапи зголемување на облачноста, а во текот на ноќта во југозападните делови ќе провејува слаб снег. Дневната температура ќе се движи од -6 до 6 степени Целзиусови.

Поради продор на студена воздушна маса од север, во деновите од викендот и во почетокот на следната седмица времето ќе биде многу студено, со дневни температури кои во поголем дел од земјава ќе бидат под нулата, а во текот на ноќните и утринските часови, ќе се спуштат до -14 Целзиусови степени.

Прочитајте повеќе

Собраниско финале за Буџетот за 2026

Собраниско финале за Буџетот за 2026

2,8 милијарди евра за плати и пензии, 654 милиони евра за капитални инвестиции, 1,7 милијарди …