Денеска во државата 95 оздравени и 5 нови случаи на КОВИД-19

Денеска во државата 95 оздравени и 5 нови случаи на КОВИД-19

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 95 оздравени пациенти:

– Скопје 32

– Куманово 38

– Прилеп 16

– Тетово 2

– Велес 7

Во изминатите 24 часа направени се 249 тестирања, а потврдени се 5 нови случаи на Ковид-19, итоа во: Скопје-2, Куманово-1, Прилеп-1 и Тетово-1. Досега во земјата се направени вкупно 17.246 тестирања на коронавирус.

Во однос на оздравените пациенти од вчера, направена е исправка: 2 лица кои се испишани од Инфективната клиника во Скопје, жители на Прилеп и Струга, сеуште се позитивни на вирусот, но во добра општа состојба се пуштени на домашно лекување.

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.511, бројката на оздравени пациенти е 945, на починати е 84, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 482.

Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Куманово на возраст од 94 години, хоспитализиран на 28 април, а денеска Институтот регистрирал и пациентка од Струга на возраст од 69, која починала на 29 мај на пат кон болницата во Охрид. Од страна на ЦЈЗ Охрид е земен постпмортен брис, кој покажал присуство на вирусот.

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …