Денеска во Сараево Заев ќе ја прими наградата „Златна плакета – европска личност на годината“

Денеска во Сараево Заев ќе ја прими наградата „Златна плакета – европска личност на годината“

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска ќе отпатува во работна посета на Сараево, каде ќе ја прими највисоката награда „Златна плакета – европска личност на годината“, од Агенцијата за избор нај менаџер на БИХ, Југоисточна и Средна Европа и Европското здружение на менаџери.

На традиционалната манифестација е најавено присуство на околу 500 најуспешни бизнис лидери од БИХ, Европа и светот, претставници од науката и политиката, под покровителство на Претседателството на БИХ.

Свечената церемонија на врачување на наградите е најавена за 17:45 часо, во Конгресната сала на хотелот „Холидеј“.

Прочитајте повеќе

Комарец треска

Тројца починати од западнонилска треска, шест пациенти се во критична состојба

Трет пациент почина од западнонилска треска во земјава, додека шестмина од хоспитализираните се во критична …