Денеска во Скопје ќе започне Самитот на европски слободни економски зони

Денеска во Скопје ќе започне Самитот на европски слободни економски зони

Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони организира Самит на европски слободни економски зони на кој ќе учествуваат над 350 претставници од целиот свет

Државната помош и нелегалната трговија во зоните ќе бидат само некои од темите на Самитот кој ќе трае до 4 мај, а ќе се потпише и меморандум за соработка со светските економски зони со цел, како што истакна, земјава да биде опфатена во т.н. безбедни зони.

За денеска е најавено отворањето на Самитот во попладневите часови, а главните активности се предвидени за утре во хотелот Александар Палас, кога ќе се одржи министерски панел, на кој ќе учествува министерот за економија Крешник Бектеши и уште тројца министри од земји од регионот.

За утре се планирани и три панел дискусии посветени на „Иднината на слободните зони и предизвиците со кои се соочуваат“, „Нелегална трговија и нејзините ефекти врз на слободните зони и нивните безбедни програми“ и „Формирање здружение кое ќе ги опфати сите видови зони“.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …