Денот кога замина „кошаркарскиот Моцарт“: 27 години од смртта на Дражен Петровиќ

На денешен ден пред 27 години, во сообраќајна несреќа загина „кошаркарскиот Моцарт“, Дражен Петровиќ.

Кобната сообраќајка се случи во близина на германскиот град Денкендорф, на враќање од полскиот град Вроцлав, каде во рамките на квалификациите за Европското првенство, Дражен го одигра последниот натпревар како репрезентативец на Хрватска, против селекцијата на Словенија.

Натпреварот се одигра на 5 јуни, после кој, наместо како останатиот дел од репрезентацијата, во Хрватска и во неговиот Шибеник да се врати со авион, Дражен одбрал да патува со автомобил.

Во автомобилот марка „Голф“, кој го управувала неговата девојка, германската манекенка Клара Шаланци, освен Дражен се наоѓала и турската кошаркарка Хилал Едебал. Трагедијата се случила на 7 јуни, кога заради намалена видливост и неприлагодена брзина, „голфот“ удрил во камион кој го препречил автопатот. Во моментот на несреќата Дражен спиел на совозачкото место, а од силината на ударот погинал на самото место. Турската кошаркарка Едебал доживеала тешки повреди на главата, а Шаланци поминала со лесни повреди.

Дражен Петровиќ е роден на 22 октомври 1964 година во Шибеник. Во текот на својата кариера настапувал за екипите на Шибенка, Цибона, Реал Мадрид, Портланд и Њу Џерси Нетс. Беше стандарден репрезентативец на Југославија, а подоцна и на Хрватска.

Прочитајте повеќе

Венко Филипче

Филипче пред сопартијците: Тука сме да пристапиме на секој, да прашаме што му треба (ВИДЕО)

Неврохирургот Венко Филипче при својата вчерашна посета на Струмица разговараше со членството на СДСМ. При …