Дескоска: Нема напредок во преговорите со ВМРО-ДПМНЕ за Законот за Јавно обвинителство

Дескоска: Нема напредок во преговорите со ВМРО-ДПМНЕ за Законот за Јавно обвинителство

Денеска во Министерството за правда се одржа нова средба за Предлог-законот за Јавното обвинителство помеѓу министерката за правда Рената Дескоска, советникот на премиерот Бојан Маричиќ, пратеничката на НСДП, Соња Мираковска и претставниците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски и Панче Тошковски.

Министерката за правда, Рената Дескоска изјави дека имаат крупни разлики со ВМРО-ДПМНЕ и затоа не можеле да постигнеме одреден напредок во денешните разговори.

„Разговаравме претежно за точките што се разликуваат со нивниот Предлог-закон, со оној кој е поднесен во Собранието. За жал одредени решенија коишто многу лесно го карактеризираат нивниот закон како ретрограден и сталинистички, беа позициите на коишто тие останаа во текот на денешните разговори. Една од точките е дека бараат целосна строга централизација на системот на Јавното обвинителство, којашто ќе значи дека Јавниот обвинител, Јовевски или кој и да биде, да биде човек со чиј мандат ќе бидат врзани мандатите на 27 носители на јавнообвинителската функција во државата – значи луѓето коишто се на чело на другите обвинителства, со престанокот на државниот обвинител да престане мандатот и на тие лица. Тоа е нешто што не е добар концепт, носи силна централизација и којашто ќе значи на некој начин парализирање на целиот систем кога ќе престане мандатот на државниот обвинител“, изјави Дескоска.

Второто прашање по коешто имале клучни разлики е прашањето околу идниот статус на СЈО, на обвинителите, на вработените и на предметите.

„Според барањето на ВМРО-ДПМНЕ, треба да дојде до целосно демонтирање на СЈО, но за жал и на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Барањето беше дека неизвесна треба да биде судбината на сите коишто се вработени, значи лица со работен однос на неопределено работно време во овие обвинителства, со нивното спојување да не се знае каде тие лица ќе одат, понатака да се распределуваат, што ќе се одрази негативно врз континуитетот на процесите, бидејќи процесот на екипирање оди споро и тоа ќе доведе и до застареност на одредени случаи. Трета клучна разлика е околу статусот на предметите коишто се водат од страна на СЈО во моментот, со оглед на тоа што инсистираат да нема одредба во законот којашто ќе даде надлежност на новото обвинителство да ги гони предметите од прислушкуваните материјали. Во тој дел се клучните разлики во коишто не можевме да направиме на некој начин доближување“, додаде Дескоска.

 

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Продолжува судењето за двојното убиство на Вања и Панче

Продолжува судењето за двојното убиство на Вања и Панче

Со сведочење на мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска, во Основен кривичен суд Скопје продолжи судењето …