Децата од домот „11 Октомври“ до средината на месецов ќе преминат во групни домови

Децата од домот „11 Октомври“ до средината на месецов ќе преминат во групни домови

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека до средината на јануари целосно ќе се трансформира Домот за деца без родители „11 Октомври“ во Скопје.

„Дел од децата веќе се сместени во два групни дома во Скопје, а до крајот на неделата дел од децата ќе се згрижат во мал групен дом во Штип. Последната група деца се очекува Домот „11 Октомври“ да го напушти до почетокот на второто училишно полугодие. Пред неполни три месеци целосно беше трансформиран и Домот „25 Мај“ и сите 25 деца сега живеат во 5 мали групни домови во Скопје и се вклучени во редовниот образовен процес. Исто така до крајот на минатата година од Специјалниот завод „Демир Капија“ беа извадени сите деца до 18 години и сместени во мали групни домови каде што добија 24 часовен надзор, и индивидуализирани програми и дефектолошки третмани“, нагласува министерството, посочувајќи дека со овие чекори досега бројот на деца сместени во институции се намалил за 60 отсто.

Процесот на деинституционализација во партнерство го спроведуваат Министерството за труд и социјална политика, УНИЦЕФ, УНДП и Делегацијата на ЕУ во Македонија.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

пошта

Синдикатот на Пошта бара нова систематизација, најавува протести и штрајк

Поштата е на работ на егзистенција, изјави денеска на прес-конференција пред Владата синдикалниот лидер Боро …