Делчево

Деветстотини илјади денари за инвестиции во детската градинка во Делчево

ОЈУДГ ,,Весели Цветови“ – Делчево, во воспитната 2019/2020 година има предвидено 900.000 денари за реализација на повеќе инвестиции за подобрување на квалитетот на услугите во воспитно згрижувачката дејност на децата кои се на престој во градинката. Како што истакна директорката на градинката Билјана Симовска за реализација на планираните проекти се планирани средства од буџетот на градинката.

-Во воспитната 2019/2020 година планирана е целосна реконструкција на канализаиона мрежа во делот на кујната до главниот одвод, целосна замена на подни и ѕидни плочки во кујната, како и дел од плафонот. Оваа година мора да направиме и реконструкција на новопоставениот кров и на дел од фасадата на установата поради пропусти во изведувањето. Исто така, планираме поставување нов земјен слој и засејување трева во постоечката дворна површина во стариот дел од градинката и во делот околу доградбата на занимални, рече Симовска.

Со поддршка на Општина Делчево и ресорното Министерство, детската градинка „Весели цветови“ интензивно работи на проектот за отварање градинка во селото Разловци. За таа цел се обезбедени просторни услови, со придружни простории во подрачното училиште ООУ ,,Св.Климент Охридски“ во Разловци.

– Оваа инвестиција е планирано да се реализира со финансиски средства од Министерството за труд и социјална политика, а ќе бидат опфатени од 10 до15 деца  во претшколска возраст. Целта на овој проект е вклучувањето на секое дете во системот на предучилишно воспитување и образование што треба да биде еднакво достапно и во најодалечените рурални средини каде има дечиња, а нема градинка, како и задржување на младите во руралните средини. На барање на родителите и по направената анализа за издржливост и оправданост на инвестицијата и континуитет во бројот на дечињата, поддршката од ресорното Министерство, како и од градоначалникот Трајковски, ние одлучивме да го работиме овој проект, рече Симовска.

Постапката за отворање клон на детската градинка во најодалеченото село во Делчево, Разловци, е во тек.

Прочитајте повеќе

пожари стрништа ниви

За три години нема ниту една пресуда за предизвикување шумски пожар

Од обвинителството за Мета.мк брифираат дека во државата нема регистар на шуми и обвинителството тешко може …