Девојка загина во силниот земјотрес во БиХ, утрово тресеше и во Хрватска

Девојка родена 1994 година загина во Босна и Херцеговина во општината Столац, откако голема карпа се срушила врз семејната куќа, каде што живеела со родителите, како последица на земјотресот со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала, кој се почувствува не само во БиХ, туку и во Црна Гора, Хрватска, Србија, а и во Северна Македонија.

Нејзината сестра и родителите се полесно повредени, пренесе Дневни Аваз.

Според Жупаниската болница, др. Почина Сафет Мујиќ, девојката Е.С. во тешка состојба е пренесена на итната медицинска помош. Лекарите се обиделе да ја реанимираат, но не можеле да ја спасат.

Директорот на Здравствениот дом Столац, Казимир Рагуз изјави дека во здравствената установа се пријавиле неколку повредени.

Рагуз нагласи дека едно лице се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во болницата во Мостар, додека кај другите пријавени во Здравствен дом биле констатирани полесни повреди, пишува Н1 Сараево.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчера на 22.04.2022 година регистрираше земјотрес 296 km северозападно од Скопје, кој потекнува од територијата на Република Босна и Херцеговина, 42 километри југоисточно од градот Мостар.

Во текот на ноќта во БиХ регистрирани се повеќе од 30 земјотреси со послаб интензитет, покажаа податоците на Републичкиот сеизмолошки завод на Србија кои ги пренесува Кликс.ба.

Најсилниот бил утрово во 4:20 часот, кој бил со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала. Во 2:59 часот бил 4,3 степени, во 2:02 бил 2,6 степени, а во 1:55 бил 2,9 степени според Рихтеровата скала.

Утрово околу 6 часот се случи земјотрес во и Хрватска, објави Евромедитеранскиот сеизмолошки центар.

Земјотресот бил со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала и се случил на 26 километри јужно од Метковиќ.

Метковиќ е оддалечен 36,4 километри од Столац, градот во кој вчера беше регистриран земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала, што според Федералниот хидрометеоролошки завод е петти најсилен земјотрес во Босна и Херцеговина во последните 50 години.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Западен Балкан под ризик од меѓуетничко насилство во 2024, проценуваат американските разузнавачи

Во годишниот извештај за глобалните закани на Разузнавачката заедница на Соединетите Држави, се наведува дека …