Дежурните екипи на прилепски „Елмонт“ се мобилни на терен со пет машини

Дежурните екипи на прилепски „Елмонт“ се мобилни на терен со пет машини

Екипите на „Елмонт“, компанијата која што е задолжена за зимско одржување на дел од улиците во општина Прилеп, интензивно ги расчистуваат снежните наноси во градот.

„Се наоѓаме во типската населба, се работи на чистење на улиците од снег. Чистиме со камион, машина-нож и посипувач. Но, имаме сериозен проблем, бидејќи дел од улиците се сосем непроодни, поради паркираните возила. Ги чистиме помалите и споредните улици во оваа населба. Чистевме и во населените места и тоа со пет камиони посипувачи и ножеви и три машини со ножеви за чистење. Проодни се патиштата и во Крстец, Тополчани, Ерековци и Големо и Мало Коњари. Во градот имаме служби што во континуитет ги чистат улиците“, вели Александар Здравески од „Елмонт“.

„На овој дел интензивно се расчистува снегот.  Вклучени се камионите со нож и со сеалка, а исто така вклучена е и комбинираната машина скип, особено во оние делови каде не може да поминат камионите. Овие два дена имаме премногу работа, но успеваме навреме да се справиме со снегот. Во текот на минатата ноќ на патниот правец Тополчани – Подмол за расчистување на патот беа вклучени комбинирани машини, кои продолжија со расчистување и денеска на патните правци во населените места: Тополчани, Чепигово, Ерековци и Клепач“, изјави Благоја Богоески од Општина Прилеп, којшто врши постојан надзор врз градежните активности.

Интензивно се работи за чистење на снегот од патиштата, улиците, тротоарите и другите јавни површини. Освен „Елмонт“и фирмата „Изофас“ исто така со пет машини е мобилна на теренот.

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …