Џафери и амбасадорката Галовеј разговарале за законот за антидискриминација и за родово заснованото насилство

Џафери и амбасадорката Галовеј разговарале за законот за антидискриминација и за родово заснованото насилство

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска оствари работна средба со Рејчел Галовеј, амбасадорка на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Република Северна Македонија, информираат од Собранието.

Амбасадорката Галовеј на својот профил на Твитер напиша дека со собранискиот спикер разговарала за законот за антидискриминација, законот за заштита од родово засновано насилство и за новите кривични дела што се дефинирани во нацрт-Кривичниот законик, кои се важни за заштита на човековите права и демократијата во Македонија.

Собранискиот спикер Џафери ја запознал амбасадорката со сите преземени мерки од страна на Собранието за заштита на пратениците и собраниските служби од вирусот ковид-19, а во однос на спреченоста на пратениците поради изолација и самоизолација да учествуваат во парламентарната работа, тој информирал дека се прават напори Собранието да изнајде заедничко прифатливо решение со опозицијата за работа и гласање од далечина, со цел непречено функционирање на законодавниот дом.

Претседателот Џафери истакнал дека Република Северна Македонија, како најнова полноправна членка во НАТО, е спремна во иднина да соработува заедно со британските колеги, на рамноправна основа преку ПС на НАТО, со што ќе придонесат за колективната стабилност и глобалната безбедност.

Соговорниците изразиле задоволство од успешната имплементација на проектите на Вестминстерската фондација во Собранието, особено од функционирањето на Проектот за поддршка на буџетската канцеларија, која изготвува квалитетни анализи за буџетот, како за потребите на парламентарното мнозинство така и за опозицијата, известија од Собранието.

Во однос на билатералната соработка меѓу двете земји, соговорниците взаемно изразиле надеж дека таа ќе продолжи да се надградува и во наредниот период, особено на ниво на Пратенички групи за соработка, кои неодамна се формираа во Собранието.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Кочанскиот Центар

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Донесена е пресуда за кривичното дело Убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп …