Џафери: Пратениците нема да добиваат готовина за кампањата

Џафери: Пратениците нема да добиваат готовина за кампањата

Пратениците, ниту партиите нема да добиваат пари во готово за водењето кампања за референдумот, рече на прес-конференција претседателот на Собранието, Талат Џафери, ветувајќи дека кампањата ќе се води транспарентно и без дискриминација.

Тој појасни дека предвидените 80 милиони денари ќе се префрлаат на медиумите.

– Средствата за кампањата се на посебна сметка. Ќе се делат пропорционално спрема пратеничките групи кои се изјаснија „за“ или „против“. Иако 49 пратеници рекоа да се пренаменат, не може, средства остануваат. За кампањата „за“ ќе може да се потрошат 59 отсто од сумата, а за кампањата „против“ остануваат 41 отсто од предвидените средства – рече Џафери на денешната прес-конференција во Собранието.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Студентскиот протест пред УЈП помина со само неколку студенти

Студентскиот протест пред УЈП помина со само неколку студенти

Денеска пред Управата за јавни приходи  (УЈП) наместо студентски протест, се одржа протест на десетина …