Џафери се сретна со Гречен Биркл, новата директорка на канцеларијата на УСАИД во Скопје

Џафери се сретна со Гречен Биркл, новата директорка на канцеларијата на УСАИД во Скопје

Претседателот на Собранието Талат Џафери и генералниот секретар Цветанка Иванова денеска се сретнаа со амбасадорот на САД во Република Македонија, Џес Бејли, на која присуствуваше и новата директорка на канцеларијата на УСАИД за Македонија, Гречен Биркл.

На средбата се дискутирало за досегашната соработка помеѓу Собранието и Американската организација за меѓународен развој (УСАИД), како што се проектите реализирани преку Националниот демократски институт (НДИ), кои ја поддржуваат работата на Собранието преку програми кои се финансирани од оваа организација – соопштија од службата за информирање.

Претседателот Џафери изразил задоволство и благодарност за досегашната соработка и поддршка и нагласил дека Собранието е отворено за понатамошна соработка со нашите стратешки партнери.

Соговорниците се согласиле дека има резултати од досегашната соработка и заклучиле дека постои взаемен интерес, волја и простор оваа соработка да се продолжи и унапредува и во иднина.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Д-р Венко Филипче средби со граѓани (2)

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп …