Џудо федерација: Згрозени сме од информациите за злоставување на малолетнички, очекуваме брзо разрешување на случајот

Џудо федерација: Згрозени сме од информациите за злоставување на малолетнички, очекуваме брзо разрешување на случајот

Соопштение на Џудо федерацијата на Македонија:                    

Во врска со последните случувања поврзани со обвинувањата за злоставување малолетнички од тренер по џудо, згрозени сме од информациите во јавноста и очекуваме брзо разрешување на случајот.

Веруваме дека истрагата целосно ќе го расветли случајот, за што како Федерација сме целосно на располагање на истражните органи.

Посочениот тренер одамна не е член на Федерацијата и уште минатата година беше дел од дисциплинска постапка поради злоупотреба на официјален документ испратен од Светската Џудо Федерација, како и поради прекршување и непочитување на Статутот и други мерки и протоколи. Поради оваа дисциплинска постапка, одземена му е лиценцата за тренер по џудо и исфрлен е од Џудо федерацијата на Македонија, за што официјално беа известени сите надлежни институции вклучувајќи ја и Агенцијата за млади и спорт.

Прочитајте повеќе

Сенатот ја одобри долгоочекуваната воена помош за Украина

Сенатот ја одобри долгоочекуваната воена помош за Украина

По повеќемесечни одлагања, и Сенатот на САД го одобри пакетот помош за Украина од 61 …