ДиЏеј Тодорофф го објави своето 16то по ред ЦД

ДиЏеј Тодорофф го објави своето 16то по ред ЦД

Македонскиот ДиЏеј и продуцент Тодорофф, официјално ја издаде својата нова, 16та по ред ЦД -микс компилација од 19 нумери, од жанровите afro house, tech house и vocal house.

Тодорофф годинава слави 26 години постоење, а во неговата кариера  има настапувано во Грција, Франција, Шпанија, Италија, Албанија, Бугарија, Дубаи, Абу Даби, Катар, Косово и многу други држави.

Во портфолиото на ДиЏеј Тодорофф се едни од најголемите фестивали, како Kalabalak, Greatest Hits, Tomorrowland Edition in Macedonia, Polin Beach Festival, Relive Heineken Festival.

Минатата година Тодорофф се најде на 37мо место на beatport tech house листата, со неговото издание „Like This“, кое беше поддржано од светски познатите имиња Riva Starr, Chris Lake, Oscar El, Sllash & Doppe, San Divine, Cassim, Horatio и многу други.

Летната агенда на Тодорофф е речиси пополнета, а љубителите и поддржувачите на неговата музика можат да го добијат ЦД-то на некој од неговите настапи ширум Македонија.

Прочитајте повеќе

концертот на триото Долче во Рим

Долготрајни аплаузи за концертот на триото Долче во Рим

Триото Долче од Македонија, односно Светлана Богданоска Ристоски – флејта, Андријана Дукоска – виолончело и …