Дијабетесот подалеку од детските градинки

Детската градинка „Весели цветови“ од Делчево во партнерство со Општина Делчево, Центарот за труд и социјална политика, основните училишта во градот и Здравствениот дом, ја започнаа кампањата „Дијабетесот подалеку од детските градинки“.

За таа цел денеска во детската градинка од страна на вработените во градинката беше подготвена трпеза на која беа претставени продукти кои децата треба да ги имаат задолжително на своето мени за исхрана, а настанот се случуваше во рамките на проектот  „Здрава храна за детство без мана“.

Директорката на ЈУДГ„Весели цветови“,Билјана Симовска истакна дека воведување на здравиот начин на исхрана е еден од важните предуслови во борбата против дијабетесот, како болест која ги напаѓа децата уште од најмала возраст.

–  Мотото на настанот годинава е „Пирамида на исхрана“, затоа што сакаме на дечињата да им покажеме што е тоа, што количински најмногу треба да се користи во исхраната, а што најмалку. Настанот годинава ќе го искористиме да најавиме дека во во соработка со сите основни училишта, Здравствениот дом, Општина Делчево, Центарот за труд и социјални работи и политика, во наредниот период ќе започнеме една би ја нарекле „жестока“ кампања, која ќе биде насловена како „Дијабетесот подалеку од детските градинки“. Целта ќе биде децата од мали нозе да научат како здраво да се хранат, за да не се соочуваат со тие „мали игрички“ кои со појавата на дијабетесот подоцна се користат, а се помасовно и помасовно се појавуваат во општината и тоа кај дечињата од најмала возраст – вели Симовска.

Симовска најави организирање на повеќе обуки и работилници и вклучување на родителите и Општина Делчево.

Прочитајте повеќе

полиција

Двајца приведени за убиството на лекарот во Железара

Две лица се приведени во врска со убиството на лекарот во скопската населба Железара, изјави …