Дијалогот помеѓу синдикатите и Владата е постојано во тек и ќе донесе решение

Дијалогот помеѓу синдикатите и Владата е постојано во тек и ќе донесе решение

Денеска во Владата на Република Северна Македонија продолжи дијалогот помеѓу синдикатите и претставници на Владата за усогласување на платите во јавниот сектор со минималната плата.
Претставниците на синдикатите се сретнаа со заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Фатмир Битиќи, министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска и заменик-министерот за финансии, Филип Николоски.

Вицепремиерот Битиќи на почетокот на состанокот посочи дека дијалогот во никој случај не е прекинат. Преговорите во последниот период се водеа по гранковите синдикати и надлежните Министерства како и дека Владата останува на ставот дека усогласување на платите треба и ќе има, но во тој процес никако не смееме да заборавиме на моменталната ситуација, солидарноста и секако ефективноста на јавната администрација.

На состанокот најавено беше дека ќе бидат формирани работни групи кои ќе работат на дефинирање на моделот за плати кој ќе осигурува раст на платите на долг рок но и методологија која ќе ја следи продуктивноста на вработените.

Прочитајте повеќе

Обвинителен акт против 34 физички и 3 правни лица за трагедијата во „Пулс“

Обвинителен акт против 34 физички и 3 правни лица за трагедијата во „Пулс“

Обвинителен акт против вкупно 34 физички и 3 правни лица осомничени за трагедијата во дискотеката …