ДИК: До 17 часот гласале 38,23 отсто од избирачите

ДИК: До 17 часот гласале 38,23 отсто од избирачите

Државната изборна комисија ги соопшти податоците за излезноста на граѓаните на претседателските избори до 17 часот. Од обработените 95,53% од избирачките места, на гласање излегле 665.985 граѓани, или 38,23% од гласачите запишани во избирачкиот список.

Меѓу општините каде е забележан највисок процент на излезност, спаѓаат Аеродром со 45,49%, Битола 45,5%, Богданци 49,08%, Прилеп 53,16%, Гевгелија 57,93%, Вевчани 57,76%, Делчево 50,55%, Демир Капија 60,28%, Крива Паланка 61,28%, Крушево 59,68%.

Општини со најнизок процент на остварено гласачко право се Арачиново со 26,18%, Боговиње 14,04%, Врапчиште 15,83%, Гостивар 19,59%, Липково 19,94%

За избор на градоначалник на Охрид, до 17 часот гласале 47,02% од избирачите запишани во избирачкиот список, додека во Ново Село на гласање излегле 43,88% од граѓаните.

Од изнесените податоци може да се заклучи дека цензусот од 40% излезност ќе биде надминат, а она што е забележително е високиот процент на остварено гласачко право во источниот дел од државата, како и нискиот процент во општините со доминантно албанско население.

Гласачките места ќе бидат затворени во 19 часот.

Прочитајте повеќе

Гордана Силјановска: Од Либерална партија и Демократска Алтернатива, до претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ

Гордана Силјановска: Од Либерална партија и Демократска Алтернатива, до претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ

Гордана Силјановска Давкова била член на Либерална партија (ЛП), во 1998 година станува дел од …