ДИК: За членство во ЕУ, ќе биде распишан уште еден референдум кој ќе биде обврзувачки

ДИК: За членство во ЕУ, ќе биде распишан уште еден референдум кој ќе биде обврзувачки

Членовите на Државната изборна комисија вчера одржаа брифинг со новинарите, на кој одговараа на прашања поврзани со претстојниот референдум. Од ДИК велат дека постои разлика во исполнувањето на условите помеѓу консултативен и обврзувачки референдум, во зависност од тоа за што се распишува.

На прашањето дали има разлика во исполнувањето на условите на консултативен или обврзувачки референдум, од ДИК одговорија дека има разлика и дека тоа зависи за што се распишува.

За задолжителен, обврзувачки референдум потребно е апсолутно мнозинство, односно 50 отсто плус 1 од гласачите треба да се „за“. Според Уставот тоа е во случај на менување граница, стапување во сојуз со други држави, за конфедерација.

Од ДИК велат дека кога ќе завршат преговорите за членство во ЕУ, во Македонија ќе треба да се распише уште еден референдум за членство во унијата и тој мора да е задолжителен. За членство во НАТО Македонија веќе донесе одлука во Собранието во 1993 година.

Вчера ДИК информираа дека на 30 септември или на 1 октомври тие само ќе ги соопштат резултатите од технички аспект, но нема да даваат оценка дали референдумот ќе биде успешен или не.

Од ова произлегува дека за консултативниот референдум распишан за 30 септември правилото 50%+1 глас не важи, односно ДИК по пребројување на гласовите не може да прогласи дали изјаснувањето на граѓаните успеало или не и дека таа задача очигледно ќе остане на политичарите.

А во тој случај се отвора голем простор за тоа што може да биде успешен, а што неуспешен. Односно дали е успешен ако има цензус без разлика на тоа кој за што гласал, или пак успешен е и ако нема цензус, ама повеќе гласови има „за“.

Во тој случај, кога консултацијата со народот ќе се прогласи за успешна (без цензус), владини претставници веќе најавија дека тоа значи дека Собранието и Владата, ќе мора да ја донесат конечната одлука. А за тоа, за уставните измени како еден од условите на Спогодбата со Грција, потребно е двотретинско мнозинство во Собранието.

Извор: МКД

Прочитајте повеќе

ДПИ: Трговците вадат нови производи за да ја „прескокнат“ одлуката за маржите

ДПИ: Трговците вадат нови производи за да ја „прескокнат“ одлуката за маржите

Маркетите за многу краток период извадија нови производи само за да ја избегнат Одлуката за …