Димитров: Ако нема датум во октомври, националистите и популистите ќе зајакнат

Димитров: Ако нема датум во октомври, националистите и популистите ќе зајакнат

Ако немаме перспектива, а тоа е влогот во октомври, ќе ослабнеме, а скептиците, националистичките сили и популистите ќе се зајакнат. Тоа ќе им помогне на оние кои се сомневаат во европскиот проект, таа стратешка ориентација, додека позитивна одлука ќе ни помогне да кажеме дека работите се во наши раце, вели министерот за надворешни работи Никола Димитров во интервју за Агенција Европа, дадено во Брисел минатата седмица.

Тој вели и дека Северна Македонија целосно ја поддржува европската интеграција на Албанија, но дека земјата не смее да биде жртва на логиката на ставање земји во пакети и потсетува дека процесот е заснован на индивидуална заслуга.

Што се однесува до одлагањето на одлуката за датум во јуни годинава, Димитров смета дека министрите немале доволно време да го разгледаат напредокот во четирите клучни области дефинирани во јуни 2018, поради кусиот рок помеѓу објавувањето на извештајот на Европската Комисија и одржувањето на Советот на ЕУ. Сепак, потсетува Димитров, октомври е клучен, и евентуалното недавање датум за почеток на преговорите на земјава со ЕУ, ќе значи отворање простор за продор на националистите и популистите.

– Нема да биде лесно за мене, како министер, да се вратам дома после октомври и да речам дека ќе одлучуваат идната година, потребно ни е политичко гориво за да продолжиме да одиме напред – вели Димитров.

Прочитајте повеќе

Д-р Венко Филипче средби со граѓани (2)

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп …