Димитров: Ги затворивме големите прашалници кои сме, Македонци

Димитров: Ги затворивме големите прашалници кои сме, Македонци

„Многу чекавме. Од 1993 година сакаме да влеземе во НАТО. 25 години поминаа. 10 години откако не успеавме во Букурешт. Голема историска година имаме пред нас, со големи раскрсници“, рече синоќа Министерот за надворешни работи Никола Димитров, на големата граѓанска прослава ,,Одиме напред – Македонија во НАТО и ЕУ“, и додаде дека успеавме да изградиме пријателство со две држави со кои, како што рече тој, имаме деликатни историски односи.

„Од тензии успеавме да направиме пријателство и другарство. И благодарение на тоа, ни се отвораат патиштата за НАТО и за ЕУ“, рече во изјавата за медиуми министерот Димитров.

Тој, додаде и дека радоста на народот е токму поради тоа.

„Јас пораснав со овој проблем и со оваа шанса. Дајте луѓе да се собереме, да си ја оправиме државата за да не биде“, рече министерот Димитров.

Прочитајте повеќе

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Нафтените деривати од вечерва со нови цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги …