Димитров: Го охрабривме Нимиц в среда да излезе со првичен предлог за името

Министерот за надворешни работи Никола Димитров велии дека се уште нема предлог за решавање на спорот со името, но медијаторот Метју Нимиц бил поттикнат од македонската страна да излезе со првична рамка уште следната недела.

– Сè уште немаме предлог на масата за решавање на спорот со името. Одлучивме да го охрабриме медијаторот Метју Нимиц да излезе што е можно побрзо, дури и идната среда, со една првична рамка што ќе послужи или што ќе даде насоки за суштински напредок и најавивме подготвеност да се вклучиме како шефови на дипломатии директно, нешто што досега не се случило – изјави шефот на македонската дипломатија Никола Димитров во синоќешното интервју за емисијата „Клик плус“ на ТВ 21.

Според него, не може Македонија да биде само Грчка, бидејќи не е, и не може Македонија да биде само наша бидејќи не е, географскиот регион е голем и има три држави.

– И во таа смисла мислам дека вистинскиот одговор на иредентизмот е принципот на неексклузивност. И двете страни имаат право да го користат и терминот и името, и изведенките, во различни контексти. Принципот на неексклузивност или немање монопол е немање право само ние да ја користиме Македонија како Македонија – вели македонскиот министер за надворешни работи.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Регионалната соработка клучна за полесно надминување на кризата

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија на панелот на Самитот „Македонија2025“ посветен на актуелната …