Димитров и Османи во Брисел на состаноци со МНР на Шведска и Финска

Димитров и Османи во Брисел на состаноци со МНР на Шведска и Финска

Во рамките на работната посета на Брисел, заменик-претседателот на Владата  задолжен за европски прашања, Никола Димитров и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на маргините на Советот за општи работи на ЕУ, попладнево остварија средби со министерката за надворешни работи на Шведска, Ан Линде и со министерот за надворешни работи на Финска, Пека Хависто.

Акцент на разговорите на сите средби беа следните чекори на европскиот пат на Северна Македонија, вклучувајќи го усвојувањето на Преговарачката рамка и одржувањето на првата меѓувладина конференција со ЕУ.

Димитров и Османи потсетија на севкупните постигнувања на земјата во изминатиот период, како на домашен план, така и на планот на унапредување на регионалните, и пред сѐ, на добрососедските односи.

Министрите Линде и Хависто изразија конзистентна и принципиелна поддршка за нашите европски интеграции.

Посетата на Брисел на Димитров и Османи продолжува со средба со Аугусто Сантош Силва, министер за надворешни работи на Португалија, земја претседавач со Советот на ЕУ.

Прочитајте повеќе

обвинителство

Истрага за три лица кои се обиделе од двајца сопружници да изнудат 10.000 долари

На 4 февруари, по претходен договор, третоосомничениот им помогнал на двајцата изнудувачи да ги преземе …