Димитров и Пендаровски со највисок рејтинг од имињата за претседател

Димитров и Пендаровски со највисок рејтинг од имињата за претседател

Зоран Заев и Христијан Мицкоски се имињата кои доколку утре се одржат претседателските избори би добиле најголема поддршка од граѓаните. Заев котира со 12,7 процетни, а втор е Мицкоски со 7,8. Ова го покажа најновата анкета на Телма, спроведена од М Проспект од 15 до 30 јануари, на репрезентативе примерок од 980 испитаници.

Но фактот дека и двајцата партиски лидери нема да се кандидираат за претседател, на чело го исфрла Никола Димитров, со 6,9 процент, а веднаш зад него е Стево Пендаровски, со поддршка од 5.8. Следи Зијадин Села со 5,4 проценти, потоа изедначени со 4,2 проценти се Влатко Ѓорчев и Имер Селмани. Од имињата кои досега се споменуваа како можни кандидати – Радмила Шекеринска и Денко Малески имаат по 2,7 проценти поддршка, а Гордана Силјановска Давкова 1,3. Оливер Спасовски доби само 0,9 проценти. Треба да се напомене дека анкетата е правена пред да биде појасна сликата за тоа кои би биле партиските кандидати за претседател, особено што во албанскиот политички блок ДУИ се уште се тактизира меѓу консензуален кандидат и сопствен кандидат.

Клучни битки за изборите ќе бидат оние што ќе се видат во СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за кандидати за претседател, смета Александар Кржаловски од МЦМС. Тој смета дека во СДСМ дилемата за кандидат е меѓу Димитров и Пендаровски.

„Со Релативно изедначени шанси, бидејќи цело време Димиторв стои подобро, на анкетите генерално, но во гласачкото тело на СДСМ подобар е Стево Пендаровски иако и двајцата не се членови на СДСМ. Но Стево беше претходно претседателски кандидат и мислам дека во рамки на СДСМ би му дал повеќе шанси“, вели Александар Кржаловски од МЦМС.

Анкетата покажува дека Димитров генерално има блага предност пред Пендаровски, но само меѓу Македонците. Пендаровски ужива поголема предност од Димитров кај Албанците.

Изборот на кандидат во СДСМ, според Кржаловски, многу ќе зависи од тоа со кое име на ќе истрча ВМРО-ДПМНЕ. Смета дека таму битката ќе се води меѓу Ѓорчев и Силјановска Давкова.

„За мене се уште Влатко Ѓорчев е фаворит заради долгогодишното искуство партиско, иако веќе има евентуална согласност во раководството за Гордана силјановска Давкова“, смета Александар Кржаловски, МЦМС.

Според анкетата, правена пред да се официјализираат кандидатурите во ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорчев има поддршка од 4,2 а Силјановска 1,3 отсто. Во македонскиот блок Ѓорчев ужива поддршка од 5.9 проценти, а силјановска Давкова од 1,8. Но позициите во внатрепартиската битка, а и во јавноста, сепак, допрва ќе се мерат.

Во албанскиот политички блок според Кржаловски високиот рејтингот на Зијадин Села од 21,9 проценти поддршка, се должи на фактот што ДУИ уште не истакнале свој кандидат и за сега тој се прецепира како можен единствен кандидат Албанец. Теута Арифи од ДУИ е далеку зад него со 10 проценти.

Анкетата покажа висок процентот на неопределни граѓани од 38,2 проценти, а чии гласови најчесто ги решаваат изборите.

Извор: Телма

Прочитајте повеќе

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Нафтените деривати од вечерва со нови цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги …