Димитров: Клучот кој го пронајдовме од вратата со можности е во наши раце

Димитров: Клучот кој го пронајдовме од вратата со можности е во наши раце

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денес беше во посета на Крива Паланка на средба со граѓаните на ова погранично место. Во рамките на неговата посета, тој имаше средба и со бизнис заедницата во организација на Стопанската комора на Република Македонија и на локалната самоуправа. Министерот Димитров на средбите со граѓаните на Крива Паланка разговараше искрено и отворено за локалните предизвици и проблеми со кои се соочуваат.

„Тука сум денес да ве слушнам бидејќи во овој период надворешната политика ни е дома и клучот кој го пронајдовме од вратата со можности е во наши раце. Изборот е голем, историската раскрсница е огромна и нема врска со припадност на политичка партија ниту пак со носители на функции. Ако сме одговорни како држава, треба да ја направиме Македонија европска и да има доволно работни места и во нашите градови, села. Ајде заедно на 30 септември да бидеме мудри и да го направиме македонскиот пасош доволно значаен и вреден за да не ја бараме егзистенцијата во туѓите пасоши”, рече Димитров.

Тој посочи дека Крива Паланка е пионер во градењето на пријателски односи со соседите, особено со соседна Бугарија. Во тоа е суштината на историските прашања што ги затвораме – создавање на можности и подобри стандарди за граѓаните.

Министерот Димитров во рамките на својата посета на Крива Паланка присуствуваше и на свечено потпишување на Меморандум на соработка во насока на зајакнување на бизнис секторот и деловниот амбиент во градот, склучен меѓу Стопанската комора на Република Македонија и општината, во присуство на претставници од бизнис заедницата како и Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески.

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …