Димитров на средби со Ди Карло и со колешките од Канада и Норвешка

Димитров на средби со Ди Карло и со колешките од Канада и Норвешка

На вториот ден на самитот на НАТО во Брисел, македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров учествуваше на состанокот на земјите-членки на Глобалната коалиција, предводена од САД, за борба против тероризмот и Исламска држава.

Како што соопштија од Министерството за надворешни работи, Димитров ги презентирал пред колегите активностите што Македонија ги презела за справување со заканите од тероризмот и насилниот екстремизам. Притоа искажал цврста заложба Македонија и понатаму да дава придонес во борбата против глобалните закани.

На маргините на самитот, Димитров остварил поединечни средби со својата колешка од Норвешка, Ине Марие Ериксен Сореиде, како и со канадската министерка за надворешни работи Кристиа Фриланд, како и со Розмари Ди Карло, потсекретар за политички работи на ОН. Притоа се заблагодарил за упатената покана до Македонија да ги почне пристапните преговори со НАТО, истакнувајќи дека овој чекор ќе даде нов и позитивен импулс во заложбите на регионот за негово целосно европско и евро-атлантско интегрирање, како и тоа дека Европа ќе добие уште еден партнер во споделувањето на заедничките вредности и одговорности.

Фриленд и Димитров потпишале Декларацијаа за стратешко партнерство меѓу двете земји.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Во акција уапсени 17 припадници на затворска полиција

Во акција уапсени 17 припадници на затворска полиција

Седумнаесет припадници на затворската полиција се уапсени во голема полициска акција, информираат од Обвинителството за …