Димитров одделно ќе го информира државниот врв и партиите за преговорите за името

Димитров одделно ќе го информира државниот врв и партиите за преговорите за името

Лидерска средба за процесот на разговори за името нема да има. Министерот за надворешни работи Никола Димитров на поединечни средби ќе ги информира претставниците на државниот врв и политичките партии за текот на преговорите.

Димитров минатата недела најави дека по преговорите за името во Виена, ќе се одржи состанок на државниот врв и лидерите на најголемите партии.

Во петокот во Виена Димитров имаше средба со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас и со медијаторот Метју Нимиц. Македонија и Грција разменија нацрт- спогодби што треба да бидат преточени од посредникот Нимиц во една, во рамките на резолуциите 817 и 845, од привремената спогодба меѓу двете држави.

„Процесот за спорот за името е во деликатна фаза и шпекулациите од одредени медиуми се штетни. Јас стојам на моето јавно соопштение и ја информирам јавноста дека не сум дал дополнителни неформални изјави“, објави Димитров на „Твитер“ по демантот на грчкото МНР дека македонската страна се согласила на промени на Уставот на средбата во Виена.

На 27. јануари годинава во Клубот на пратениците, се одржа координативен состанок на државно- политичкиот врв во врска со разговорите за името.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Кочанскиот Центар

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Донесена е пресуда за кривичното дело Убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп …