Димитров: „Романија има природен интерес за европска интеграција на регионот која што беше високо на листата на приоритетите на романското претседателство со Советот на Унијата за што сме благодарни"

Димитров: „Романија има природен интерес за европска интеграција на регионот која што беше високо на листата на приоритетите на романското претседателство со Советот на Унијата за што сме благодарни”

Денеска, заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, го прими во проштална средба амбасадорот на Романија во Северна Македонија, Виорел Станила.

ЗПВ Димитров: „Романија има природен интерес за европска интеграција на регионот која што беше високо на листата на приоритетите на романското претседателство со Советот на Унијата за што сме благодарни”.

Димитров се заблагодари и за искреното пријателство, за личниот ангажман на амбасадорот и помошта на Романија во остварувањето на евроатлантските процеси на нашата држава, посакувајќи му успех во неговите понатамошни професионални и лични планови.

Соговорниците ги потврдија блиските билатерални односи помеѓу двете земји, притоа посочувајќи ја соработката во рамките на ИПА-инструментите, ТВИНИНГ и ТАИЕКС.

 

Прочитајте повеќе

АХВ: Спроведени 617 вонредни контроли пред Велигден

АХВ: Спроведени 617 вонредни контроли пред Велигден

За утврдените недоследности кај различни категории оператори со храна, издадени се 44 решенија за нивно …