Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, на својот „Фејсбук“ профил порача дека не може да се повлекува паралела меѓу „Шарената револуција“ и движењето „бојкотирам“, бидејќи, како што вели тој, бојкотирањето на референдумот е повик за бегање од одговорноста.

„Шарената револуција е жед за одговорност во ситуација на јавно разоткриен криминал. Кога потфрлија институциите, граѓаните преземаа одговорност, барајќи правда. Бојкотирам е повик за неодговорност, за бегање од одговорност, за немање глас за сопствената и иднината на Македонија, исправена пред историска раскрсница“, пишува Димитров.

Да се размислува за некакви паралели меѓу нив, додава Димитров, е исто како да се става равенство меѓу храброста и стравот, меѓу активниот граѓанин кој се осмелил да прогледа во темница и пасивниот поданик кој се плаши да отвори очи во светлина.

Извор: МЕТА