Димитров во работна посета на Брисел

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска и утре ќе престојува во работна посета на Брисел. Тој денеска ќе се сретне со заменик-генералниот секретар на НАТО, Роуз Готемолер, а утре ќе има обраќање пред Комитетот за надворешни работи во Европскиот Парламент.

При тоа, Димитров ќе информира за актуелните подготовки за одржување на референдумот, текот на имплементација на клучните реформи во земјата од страна на Владата на Република Македонија и подготовките за скрининг процесот со Европската комисија, со цел отворање на патот за отпочнување на пристапните преговори.

Комитетот за надворешни работи на Европскиот Парламент e работно тело на Европскиот парламент, во кое членуваат претставници од различни парламентарни групи застапени во Европскиот Парламент.

Прочитајте повеќе

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање на безбедносните проблеми во …