Димитров во Стразбур на средби со Жак Мер, Лилијана Танги и Јоргос Папандреу

Димитров во Стразбур на средби со Жак Мер, Лилијана Танги и Јоргос Папандреу

На првиот ден од работната посета на Стразбур, по повод обраќањето на есенската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров вчера имаше средба со Жак Мер и Лилијана Танги, пратеници во Националното собрание на Франција, од редовите на движењето „Напред” на претседателот Макрон.
Средбата се одржа во пресрет на идното француско претседавање со Советот на ЕУ со цел размена на ставови за ревитализирање на политиката на проширување на Европската Унија, со акцент на европската перспектива на Северна Македонија.
Димитров: “Заслужениот пробив на евроинтегративниот пат е клучен за зајакнување на релациите на ЕУ со регионот, силно одразувајќи ја геостратешката улога на Унијата.”
Пратениците Мар и Танги ја реафирмираа француската поддршка за почеток на пристапни преговори со Северна Македонија, како валоризација на постигнатите резултати со кои земјата ги исполни предвидените обврски. Тие изразија надеж дека одлуката на Советот на ЕУ од март минатата година ќе биде спроведена во претстојниот период.
На средбата пак со Јоргос Папандреу, пратеник во грчкиот парламент, актуелен претседател на Социјалистичката интернационала и поранешен премиер на Грција, се разговараше за модалитетите на инклузивна соработка, конструктивни меѓусебни односи во регионот. Тие се согласија дека со отпочнување на пристапните преговори со Северна Македонија, ЕУ ќе ја ревитализира довербата во ветувањето од Солун за европската иднина на целиот регион во клучен момент.
Папандреу ќе ја предводи денешната дебата за демократските предизвици и европските аспирации за Западниот Балкан, што ќе следи веднаш по обраќањето на вицепремиерот Димитров на есенската сесија на Парламентарното собрание при Советот на Европа.

Прочитајте повеќе

Д-р Венко Филипче средби со граѓани (2)

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп …