Диого Жота и неговиот брат загинаа во сообраќајна несреќа во Шпанија

Диого Жота и неговиот брат загинаа во сообраќајна несреќа во Шпанија

Фудбалскиот свет е во шок по трагичната вест дека Диого Жота, фудбалер на Ливерпул и на португалската репрезентација, загина заедно со неговиот брат во сообраќајна несреќа во Шпанија.

Како што потврди шпанската цивилна гарда, несреќата се случила во близина на градот Замора, кога автомобилот со кој управувале излетал од патот. Во возилото биле само Жота и неговиот брат, 25-годишниот Андре Силва, исто така фудбалер, кој настапуваше за португалскиот клуб Пенафиел.

Полицијата сè уште ја истражува причината за несреќата, но засега нема информации за вклученост на друго возило.

Диого Жота имаше 28 години и беше еден од клучните играчи во составот на Ливерпул. Во клубот од Мерсисајд дојде во 2020 година од Вулверхемптон и за кусо време стана миленик на навивачите. Со Ливерпул освои три важни трофеи, меѓу кои и титулата во Премиер лигата минатата сезона.

Во дресот на Португалија, Жота настапуваше редовно и минатиот месец беше дел од тимот кој ја освои Лигата на нации.

Неговата смрт доаѓа само неколку недели по свадбата со долгогодишната партнерка Руте Кардозо. На социјалните мрежи тој тогаш напиша: „Да, засекогаш.“

Оваа трагедија ја потресе фудбалската заедница, која во солзи се простува од еден од своите најсветли таленти.

Прочитајте повеќе

Високи Температури

Топлотните бранови во Шпанија предизвикаа повеќе од илјада случаи во последните два месеци

Огромното мнозинство од луѓето што починале биле над 65 години, а повеќе од половина биле …