Дипломатската офанзива на Мицкоски

Дипломатската офанзива на Мицкоски

Штом Христијан Мицкоски и Александар Николоски, тргнаа на турнеја за спасување на Македонија, сигурно ќе успеат, исто како што завршија работа да станеме експресно членка на НАТО.

Пишува: Ерол Ризаов

Е, сега веќе можеме да здивнеме, трите најголеми проблеми со кои се соочува државата набргу ќе бидат решени. По 15 години Северна Македонија, вечниот кандидат за членство во ЕУ, по сите комшиски и европски неправди и блокади и по неуспесите и грешките на неспособните влади, набргу ќе почнат историските преговори со Брисел без да се загрозат идентитетските посебности и вековното историско минато на македонскиот народ.

По цели 18 години ќе се одржи и попис според европските стандарди штом се вакцинираме и се победи пандемијата. Вакцините ќе стасаат многу побргу отколку што најавува владата. Не верувате? Се разбира, никој разумен не верува. Не верував ни јас, ама кога  Христијан Мицкоски и Александар Николоски, претседателот и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, тргнаа заедно во дипломатска офанзива за спасување на Северна Македонија, за конечно да почнат преговорите со ЕУ, без условувања од Бугарија, сигурен сум дека ќе успеат, исто како што завршија работа да станеме експресно  членка на НАТО. Да не ја земеа тие во свои раце работата, уште ќе бевме на прокиснување надвор од чадорот на Северноатланскиот сојуз.

Офанзивата на Мицкоски и на Николоски ќе заврши на први април, кога ќе почне и пописот како што налагаат европските правила. На 29 февруари ќе почне и масовното „пелцување“ на населението, и благодарение на мудрото раководство на ВМРО-ДПМНЕ нема да  останеме единствена земја на светот која се’ уште не почнала со вакцинација.

Блиц-криг турнејата почнува од Будимпешта

Првата станица од блиц-криг турнејата е Будимпешта. А, каде од друго место ако не од премиерот Виктор Орбан и од азилантскиот центар на партијата. Потоа спасителите ќе се спуштат во Љубљана кај Јанез Јанша, па уште малку ако даде Господ и до Загреб, а патем можат малку да се задржат и во Виена кај сестринската партија.

Тоа се силните адути кои гарантираат историски чекор кон остварување на стратегиските државни интереси. Воедно, тоа ќе биде  пример како треба да се работи и крунски доказ за ефикасноста и патриотизмот на ВМРО-ДПМНЕ не само кога е на власт, туку и како опозиција која во татковината е блокирана од нелегитимната и предавничка власт.

Тоа извонредно добро го објасни пред јавноста Христијан Мицкоски кога пред тргнување во диломатска мисијаво интервју за Дојче Веле ќе каже: „Секоја средба има своја цел, но заедничко е тоа што на овие средби отворено ќе разговараме за блокираната европска перспектива на Македонија и можноста тие да помогнат во насока на придвижување кон европската иднина. Независно што ВМРО-ДПМНЕ е опозиција, сметам дека треба да се искористи сиот расположлив потенцијал да се направи своевиден притисок и да се придвижиме кон патот на ЕУ. Имаме две опции – или да се задушиме во домашни обвинувања за тоа кој шири лажни вести, а кој ја говори вистината, па да се спроведува операција со која ќе се сака да се прикрие анексот на Договор за кој јавно говори Бугарија, а гледаме дека власта во Македонија моли Бога да не се дознае. Или пак, втората опција е да не чекаме, да тропнеме на вратите кои можеме да ги отвориме, и да побараме поддршка за она што е заедничка стратегиска цел, а тоа е одблокирање на патот кон ЕУ.”

Убаво звучи овој „своевиден притисок да се придвижиме кон патот на ЕУ“ како што вели Мицкоски кон победничките и влијателни сестрински партии за да се спасиме од мочуришето во кое тонеме последните четири години. Еве, да не се навраќаме кон големите успеси на европскиот пат од 2006 до 2016 во ерата на груевизмот, кога ги блокиравме сите патишта и кон Европа и на Балканот, споредба која редовно го нервира Мицкоски како лошо минато кое било и поминало.

Ова е навистина добра прилика да се прашаат сестринските народни партии и во Унгарија и во Словенија и во Хрватска, а зошто не и во Бугарија, во партијата на Бојко Борисов – ГЕРБ, што тие направија дома кај себе и тогашните власти и опозициски партии и лидери, интелектуални и деловни елити? Колку и какви кнедли проголтаа пред и за време на преговорите со ЕУ, иако тогашната ситуација со проширувањето на ЕУ беше многу поповолна во европската јавност.

Дали партиите на власт и во опозиција ги користеа негативните последици од брзите промени во меѓусебни пресметки и блокади во битките за власт,  или прво што направија беше консензуален договор да не се злоупотребуваат болните реформи при остварување на најголемиот стратегиски државен интерес – членството во ЕУ. Дали е воопшто можно без партиски и без граѓански заеднички став да се изоди овој пат и во многу поповолни сутации отколку што се најде Македонија?
Колку за овие  фундаментални прашања даде свој придонес ВМРО-ДПМНЕ кога беше на власт и сега кога е во опозиција? Во целиот овој дводецениски период ВМРО-ДПМНЕ работеше деструктивно, со катастрофални резултати кои доведоа до најголем застој на Македонија во евроатланските интеграции во целиот регион.

Целиот текст ТУКА

Прочитајте повеќе

пожари стрништа ниви

За три години нема ниту една пресуда за предизвикување шумски пожар

Од обвинителството за Мета.мк брифираат дека во државата нема регистар на шуми и обвинителството тешко може …