Директорот на Агенцијата за млади и спорт и Градоначалникот на Кисела Вода извршија увид на локацијата каде што треба да се изврши реконструкција на Пешачката Трим Патека

Директорот на Агенцијата за млади и спорт и Градоначалникот на Кисела Вода извршија увид на локацијата каде што треба да се изврши реконструкција на Пешачката Трим Патека

Денеска Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски во придружба на Градоначалникот на Кисела Вода Филип Темелковски извршија увид на локацијата каде што треба да се изврши реконструкција на Пешачката Трим Патека која е во должина од 2.2 километри.

Врз основа на заложбите на Владата на Република Северна Македонија за изградба на нова и реконструкција на постојната спортска инфраструктура во Македонија, Владата ја усвои информацијата за санација на оваа пешачка патека, со тоа што можеме да им ветиме на граѓаните дека за краток период ќе добијат нова реконструирана Пешачка патека. Истовремено можам да ве известам дека проектот за санација на пешачка – „Трим“ патека што беше поднесен од страна на општината е веќе во завршна фаза, и за истиот е објавен тендер за изведување на градежните работи, со тоа што предвидуваме за рок од 10-15 дена да биде избран најповолен економски оператор,со што би очекувале градежните работи да започнат најдоцна на почетокот на месец Март Изјави Каевски.

Пешачката трим патека ќе се реконструира во две фази а истата е со променлива ширина од 1,50 – 2,50м. Постојаната состојба на пешачката патека има огромни оштетувања на бекатон плочките и асфалтот, поради што има потреба од нејзино санирање како и проширување на истата до 2,50 м. како би се овозможило непречено движење на пешачки и велосипедски сообраќај како и рекреација на граѓаните на тој дел од градот.

Опфатот на трасата на пешачката патека во фаза 1 е од влез на територија на општина Кисела Вода до Топланата, додека во втората фаза патеката ќе се реконструира долж пругата до Булевар Србија.

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …