Директорот на „Шутка“, Котевски ги поднел оставката и извештајот до Влада

Директорот на „Шутка“, Котевски ги поднел оставката и извештајот до Влада

Директор на истражниот затвор во „Шутка“, Ѓоко Котевски до Владата, Министерството за правда и до Управата за извршување санкции ги доставил оставката и извештајот во врска со инцидентите во кои беа нападнати притворените поранешни министри, Спире Ристовски и Миле Јанакиески.

Котевски посочи дека првично биле покренати дисциплински постапки за 11 лица во затворот „Скопје”, кај кои биле утврдени пропусти во постапувањето и додаде дека оваа бројка не е конечна.Клучни пропусти биле оние во протоколите за постапување и изведување на притворените лица надвор од собите.

Управата за извршување санкции треба да ги утврди казните и да изготви свој извештај за одговорноста во овој случај на командната структура во Истражниот затвор и другите пропусти.

Јанакиески и Ристовски во средата беа приведени на распит по наредба на Јавното обвинителство под сомнение за вмешаност во настаните во Собранието на 27 април 2017 година. По инцидентот во затворот на Јанакиески му е заменет притворот со мерка „куќен притвор“.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Викендов ограничено користењето на е-банкинг, плаќањето во продавница и банкоматите ќе функционираат нормално

Викендов ограничено користењето на е-банкинг, плаќањето во продавница и банкоматите ќе функционираат нормално

Користењето на е-банкинг ќе биде делумно ограничено за време на викендот, информираа Стопанска, Комерцијална и …