Горива

Дизелот од ноќеска по нови цени, поскапува втор пат неделава

Дизелот од ноќеска поскапува за 2 денара за литар, а цената на екстра-лесното масло за домаќинства ќе се зголеми за 2,5 денара. Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ) донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,99 отсто.

Со најновото зголемување, еден литар Еуродизел БС ќе се продава за 94,5 денари, додека екстра-лесното масло ќе чини 92 денари за литар. Цените на бензините и на мазутот не се менуваат.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек кај бензините за 2,807 отсто, кај дизелот за 3,614 отсто, кај екстра лесното масло за 4,615 отсто и кај мазутот зголемувањето е за 1,978 отсто.

Прочитајте повеќе

Д-р Венко Филипче средби со граѓани (2)

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп …