Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ) ја соопшти најновата одлука за цените на горивата, со која ќе поевтинат дизел горивото за 2,5 денара и екстра-лесното масло за домаќинство за 2 денари, а бензините и мазутот ќе останат на старата цена.
Ваквата одлука РКЕВУ ја образлага со намалување на цените на нафтените деривати на светските берзи, и тоа: кај бензините за 0,573%, кај дизелот за 3,326%, кај екстра лесното масло за 3,241%, додека кај мазутот има зголемување е за 1,197%.
Со ова, од полноќ цените на горивата во бензинските станици ќе изнесуваат:
ЕУРОСУПЕР БС – 95 = 109 (денари/литар)
ЕУРОСУПЕР БС – 98 = 111,5 (денари/литар)
ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) = 104 (денари/литар)
Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) = 103 (денари/литар)
Мазут М-1 НС = 53,305 (денари/килограм)