Бензинска станица

Дизелот поевтинува за 3 денари, бензините остануваат на иста цена

Дизелот поевтинува за 3 денари, екстра-лесното масло за домаќинства поевтинува за 2,5 денари, а бензините се продаваат по цената утврдена на 14 март годинава, утврди вчеравечер Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕВУ).

Според најновата одлука, која што се припишува на падот на курсот на доларот и падот на цената на горивата на светските берзи, највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, изнесуваат:

  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 86,5 денари/литар
  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 88,5 денари/литар
  • Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 85,0 денари/литар
  • Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 81 денари/литар
  • Мазут М-1 НС – 59,299 денари/килограм

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Кој заработува најмногу во Германија?

Платата во Германија не зависи само од професијата, туку и од областа во која работите, …