Дизелот поскапува за 2 денара, бензините остануваат со истата цена

Дизелот поскапува за 2 денара, бензините остануваат со истата цена

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕВУ) донесе одлука за поскапување на дизел горивото и на екстра-лесното масло за домаќинство за 2 денара по литар. Цените на бензините и на мазутот, нема да се менуваат и остануваат на нивото што РКЕВУ го одреди во понеделникот.

Од Комисијата велат оти одлуката за поскапување на дизелот и екстра-лесното масло се темели на зголемувањето на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка, и тоа кај бензините во просек за 0,179%, кај дизелот за 3,807%, кај екстра лесното масло зголемување во просек за 3,803% и кај мазутот намалување во просек за околу 1,760%.

Од полноќ, цените на нафтените деривати ќе изнесуваат:

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95

88,5 денари/литар

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98

91 денари/литар

– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)

92 денари/литар

– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)

88,5 денари/литар

– Мазут М-1 НС

52,814 денари/килограм

Прочитајте повеќе

пожари стрништа ниви

За три години нема ниту една пресуда за предизвикување шумски пожар

Од обвинителството за Мета.мк брифираат дека во државата нема регистар на шуми и обвинителството тешко може …