бензини Бензините

Дизелот поскапува за два денари

Цената на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство се зголемуваат за 2 денари за литар, додека цените на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 и на мазутот остануваат исти, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад. Зголемувањето на цените, информираат од РКЕ е во просек за 1,17 отсто во однос на претходната одлука.

Според најновото зголемување, еден литар дизел ќе се продава за 71 денар, а екстра лесното масло за домаќинство за 70 денари. Цените на Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 остануваат 73,5, односно 75,5 денари за литар. Килограм мазут чини 34,520 денари.

Прочитајте повеќе

СДСМ: Мицкоски молчи за Адамовиќ поради поврзаноста со бизнисот со струја

СДСМ: Мицкоски молчи за Адамовиќ поради поврзаноста со бизнисот со струја

Прес конференција на Јон Фрчкоски, член на Извршниот одбор на СДСМ Антикорупцискиот тим на СДСМ …