Дневниот центар за лица со церебрална парализа одбележа една година од постоењето

Дневниот центар за лица со церебрална парализа одбележа една година од постоењето

Со изведба на претставата „Пепелашка“ и со музичка програма, децата од Дневниот центар за лица со церебрална парализа го одбележаа едногодишното постоење на овој центар.

На одбележувањето присуствуваше и градоначалникот Илија Јованоски, кој истакна дека Дневниот центар целосно ја оправда својата намена за која и беше изграден.

„Се навршува една година од ставање во употреба на Дневниот центар за лица со церебрална парализа. Изведбата на денешната програма ја доживеав доста емотивно и со гордост можам да кажам дека она што сме го направиле пред една година, вроди со плод и максимално успешна работа. Им честитам на сите вработени и раководители за постигнатиот Дневниот центар за лица со церебрална парализа одбележа една година од постоењетоуспех. Денеска сосема случајно овде се местат фотоволтаични панели, со што Дневниот центар ќе биде прва институција од јавен карактер каде ќе бидат поставени панели. Ова нека биде само една симболика, бидејќи ние нема да застанеме овде и ќе продолжиме да инвестираме во интерес на сите граѓани, како што инвестиравме во овој центар“, посочи градоначалникот Јованоски.

„Јас и целиот мој тим сме горди на досега постигнатото. Изминатата година беше предизвик за сите нас, беше успешна и ќе продолжи да биде успешна. Еден ваков Дневен центар претставува голема приказна, тука се самите корисници со нивните потреби, родителите, можноста да се излезе во пресрет на секој вид на попреченост. Но морам да посочам дека нашата обврска е постојана, а поддршката што ја имаме од општествените институции е секогаш тука и им благодариме за тоа“, изјави Бранка Пројческа, специјален едукатор во Дневниот центар за лица со церебрална парализа.

„Веќе една година ова е место на храбри луѓе, храбри колеги кои секојдневно се со децата кои се влезени во еден општествен живот. Успеавме да ги внесеме во општественото Дневниот центар за лица со церебрална парализа одбележа една година од постоењетоживеење, работиме и на делот и општеството да го внесеме во овие институции. Нашата посветеност и понатаму останува. Имаме нега, едукација, социјализација и по една година, исто како да беше вчера, продолжуваме да работиме со истиот тој ентузијазам“, посочи Живко Сиљаноски, директор на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи – Прилеп.

Дневниот центар за лица со церебрална парализа, во кој престојуваат дваесетина корисници, беше изграден минатата година во соработка со Општина Прилеп. Општината го обезбеди објектот, а Министерството за труд и социјална политика од својот буџет обезбеди  1,8 милион денари за адаптација на просторот и дополнителни 380 илјади денари за набавка на опремата. Исто така, МТСП обезбеди финансиска согласност за вработување на потребниот стручен кадар.

Прочитајте повеќе

Почнува кампањата за парламентарните избори

Почнува кампањата за парламентарните избори

Од денеска, четврток 18 април, официјално стартува и кампањата за изборите за пратеници. Во тек …