Дневниот центар „Ѕуница“ го одбележа Меѓународниот ден на лицата со попреченост

По повод Светскиот ден на лицата со попреченост, 3. Декември градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски денеска го посети Дневниот центар за деца со посебни потреби „Ѕуница“.

Јованоски напомена дека би бил посреќен доколку овој ден, на ваков или на сличен начин, го славиме секој ден а не само на 3 декември, затоа што тогаш како општество би покажале дека навистина сакаме нештата да ги подобриме. Јованоски истакна дека доколку сме сплотени, бариерите со кои се соочуваат овие лица полесно можат да се надминат.

Во знак на благодарност за вниманието и поддршката која во изминативе 17 години јавниот и приватниот сектор од општина Прилеп им ја дава на штитениците од Дневниот центар, беше организирана пригодна програма, а на долгогодишните соработници и поддржувачи им беа доделени благодарници.

„Дневниот центар ‘Ѕуница’ е прв Дневен центар од ваков тип во нашиот град, постои веќе 17 години со капацитет за 25 деца. Нашата институција како Меѓуопштински центар за социјални работи, заедно со Дневниот центар ‘Ѕуница’ и Дневниот центар за лица со церебрална парализа, континуирано работат на овозможување и подобрување на условите на лицата со попреченост. Мораме да направиме се’ за да им помогнеме да имаат место каде ќе го поминат својот ден, да ги вратиме во заедницата, да ги унапредуваме нивните права и да им го направиме животот полесен. Нашата седумнаесет годишна континуирана работа со двата центра, покажува дека ние како институција се трудиме да ги унапредиме правата на овие лица“, истакна Дејан Тошески, в.д. раководител на ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи – Прилеп.
Општина Прилеп како и секогаш активно работи на полето на социјалната заштита.

Минатата година беше отворен Дневниот центар за лица со церебрална парализа, а оваа година клубот „Порака“ прераснува во Дневен центар кој ќе работи со лица со посебни потреби над 18 години. Како што истакна градоначалникот Јованоски, штом заврши тендерската постапка и се иполнат законските процедури, сите институции во Прилеп ќе добијат пристапни рампи.

Под мотото „Трансформацијата кон одржливо и прилагодливо општество за сите“, со пригодна програма учениците од ООУ „Климент Охридски“ порачаа дека нашето општество треба да биде општество во кое има простор за сите и во кое секој ќе добие шанса за успех. Општество во кое различностите се прифаќаат и во кое различностите можат интегрирано да живеат.

„Да не дозволиме 3.Декември да помине во знак на декларативни желби за интеграција и соијализација,а секој ден да биде 3.Декември“, е желба на учениците од ООУ „Климент Охридски“.

Одбележувањето на овој ден има за цел да ја анимира јавноста да даде поддршка во
прилагодувањето и менувањето на средината, која ќе ги задоволува и потребите на лицата со попреченост, да се насочи вниманието кон потребата за обезбедување подеднакви права и можности , да се подобри односост кон нив и да им се помогне да станат активни членови на општеството.

Прочитајте повеќе

полиција

Двајца приведени за убиството на лекарот во Железара

Две лица се приведени во врска со убиството на лекарот во скопската населба Железара, изјави …