До обвинителството пристигнаа уште две нови вештачења за пожарот во тетовскиот ковид-центар

До обвинителството пристигнаа уште две нови вештачења за пожарот во тетовскиот ковид-центар

Од Јавното обвинителство информираат дека за пожарот во тетовската ковид-болница се пристигнати до нив уште две вештачења од Технолошкиот факултет и од електротехничар.

„Извештаите се пристигнати во обвинителството и се анализираат во корелација со останатите пристигнати докази. Се очекува вештачењето од германските експерти кое беше побарано преку меѓународна правна помош, кое се уште не е пристигнато. Во меѓувреме се сослушуваат сведоци и други лица кои имаат сознанија за настанот“, информираат за Порталб.мк од обвинителството.

Тие додаваат дека предметот за тетовската ковид-болница е во фаза на предистражна постапка, во која интензивно се постапува за утврдување на фактите. Веќе беа објавени детали од вештачењето од МВР ОКТИВ, кое се однесува на директните причини за самиот пожар.

Според ова вештачење, од кое единствено се објавени досега податоци, пожарот во модуларната болница во Тетово во кој загинаа 14 лица настанал од краток спој во кабел од дефибрилатор.

„Имено, со вештачењето е утврдено дека пожарот настанал како последица од електрична куса врска во приклучниот кабел на дефибрилатор со кој се вршела реанимација на пациент во една од болничките соби“, информираа од обвинителството на почетокот од октомври.

„Прегревањето на кабелот предизвикало палење во приклучната кутија од продолжителниот кабел на кој бил приклучен дефибрилаторот, полнач за мобилен телефон и уште еден апарат“, покажа вештачењето од МВР.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Филипче

Филипче одговори што ќе му е политика (ВИДЕО)

Д-р Венко Филипче во кратко видео објавено на неговата Фејсбук страница вели дека секогаш ќе …