Денеска ќе преовладува сончево и многу топло време, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер. од јужен правец. Живата во термометарот ќе се искачи до 39 степени, а УВ индексот ќе изнесува 9.
До петок ќе преовладува стабилно и многу топло време. Во петок кон крајот на денот, во источните делови ќе има изолирана појава на нестабилност, а во деновите од викендот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневната температура ќе опадне за неколку степени.
ПУБЛИКУМ Вистината на прво место